БЕЗ ВОЗАЧКА, ПИЈАНИ И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Деветмина лишени од слобода низ Македонија

Полицијата во изминатото деноноќие регистрирала девет случаи на безобѕирно управување со моторно возило на различни локации низ Македонија.

БЕЗ ВОЗАЧКА, ПИЈАНИ И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Деветмина лишени од слобода низ Македонија
Фото: Принтскрин

Девет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Според полициските информации, шестмина од нив управувале возила без претходно да положат возачки испит.

Станува збор за тројца жители на Скопје, на возраст од 26 до 46 години, 27-годишник од Никиштани, 56-годишник од Подлес и 28-годишник од Дреново, кој дополнително бил затекнат и под дејство на алкохол.

Полицијата лишила од слобода и 49-годишник од Кочани и 35-годишник од Куманово, кои управувале возила под дејство на алкохол. Деветтиот случај се однесува на 21-годишник од Крива Паланка, кој бил затекнат како управува моторно возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството упатуваат апел до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или додека им трае забраната за управување.

CATEGORIES
Share This