УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА Проверете дали сте на списокот и во кои часови ќе има прекин
Планирани прекини на електричната енергија ќе има во Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште. Без струја ќе останат домаќинства, улици и основно училиште, во различни временски интервали.

Дел од корисниците во Скопје и околината утре, 13 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати и поправки на електродистрибутивната мрежа. Прекините ќе опфатат три општини – Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште, а времетраењето ќе зависи од локацијата.
Во општина Кисела Вода, од 8:30 до 16:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Народни херои“ бр. 19, 21 и 23, Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и објектите на улицата „Архитект Никола Добровиќ“ бр. 1-2.
Во селото Стајковци, општина Гази Баба, прекинот ќе трае од 9 до 13 часот.
Причината е поправка на 10-киловолтниот далновод и замена на изолатори.
Во општина Сопиште, од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 22.
Станува збор за однапред планирани прекини поради интервенции на електродистрибутивната мрежа.

