ГОЛЕМО ПОРОБИВАЊЕ НА ПРЕСПА Еден тон млад крап, речиси 7.000 единки, пуштени во езерото
За порибувањето се издвоени 500.000 денари од Министерството за земјоделство, а надлежните најавуваат засилени контроли за заштита на рибниот фонд и спречување незаконски риболов.

Еден тон млад крап, односно речиси 7.000 млади единки, денеска се пуштени во водите на Преспанското Езеро во рамки на акцијата за обновување и збогатување на рибниот фонд.
Станува збор за подмладок добиен од икра на матици од самото Преспанско Езеро, со што се поддржува обновата на локалната популација на оваа риба.
Порибувањето го реализирало регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедило 500.000 денари преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.
Порибувањето го следеле и инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, кои вршеле контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единки пуштени во езерото.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, најави засилување на контролите на Преспанското Езеро и продолжување на соработката со риболовните здруженија.
Целта, како што нагласи, е заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов.

