ДУРИ И РЕДОВНОТО ВЕЖБАЊЕ НЕ Е ДОВОЛНО Долготрајното седење го зголемува ризикот од срцеви заболувања и предвремена смрт

Научниците советуваат физичката активност да не се ограничува само на тренингот, туку седењето редовно да се прекинува со кратки периоди на движење.

ДУРИ И РЕДОВНОТО ВЕЖБАЊЕ НЕ Е ДОВОЛНО Долготрајното седење го зголемува ризикот од срцеви заболувања и предвремена смрт

Редовното вежбање не може целосно да ги поништи негативните последици од долгото седење, предупредуваат научниците. Според повеќе истражувања, дури и физички активните луѓе се изложени на зголемен здравствен ризик доколку поголем дел од денот го поминуваат седејќи.

Истражување на Универзитетот „Далхаузи“ во Канада покажало дека 12 недели интензивен тренинг ја подобруваат физичката подготвеност, но не ги спречуваат нарушувањата на функцијата на крвните садови по два часа непрекинато седење.

Дополнително, голема студија со повеќе од 89.000 учесници покажала дека луѓето кои седат најмалку 10,6 часа дневно имаат 40 проценти поголем ризик од срцева слабост и 54 проценти поголем ризик од смрт поврзана со срцеви заболувања. Зголемен ризик бил забележан дури и кај оние што редовно ги исполнуваат препораките за физичка активност.

Истражување на Универзитетот во Глазгов, пак, утврдило дека секој дополнителен час континуирано седење е поврзан со приближно 9 проценти поголем ризик од смрт поради рак.

Научниците советуваат физичката активност да не се ограничува само на тренингот, туку седењето редовно да се прекинува со кратки периоди на движење.

Анализа на шест студии со повеќе од 130.000 учесници покажала дека половина час дневно вежбање, комбиниран со четири до пет часа лесна физичка активност, може значително да го намали ризикот од предвремена смрт кај луѓето кои долго седат.

Како едноставни решенија се препорачуваат кратки прошетки низ домот или канцеларијата, станување од работното место и почести паузи во текот на денот.

Истражувачите нагласуваат дека не е доволно само да се вежба по работното време – важно е телото да остане активно и во текот на целиот ден. Сепак, станува збор за статистички поврзаности, а не за доказ дека седењето директно ги предизвикува сите наведени заболувања.

CATEGORIES
Share This