АМСМ СО ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ Нема гужви на границите, но внимавајте на одрони на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите се претежно суви, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

АМСМ СО ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ Нема гужви на границите, но внимавајте на одрони на патиштата
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебна претпазливост се препорачува на патните правци низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This