ЕГИПЕТ ПРОГЛАСИ ЗДРУЖЕНИЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА Петгодишни санкции и замрзнување на имотот

Кривичниот суд во Каиро на 10 ноември ја вклучи Исламската младинска асоцијација од Македонија на листата на терористички организации, заедно со уште 34 европски исламски здруженија и 36 поединци.

ЕГИПЕТ ПРОГЛАСИ ЗДРУЖЕНИЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА Петгодишни санкции и замрзнување на имотот
Фото: Принтскрин

Македонско исламско здружение се најде на листата на терористички организации на Египет, откако Кривичниот суд во Каиро на 10 ноември донесе одлука со која Исламската младинска асоцијација (Islamic Youth Association) од Македонија официјално е прогласена за терористичка организација според египетското законодавство.

Станува збор за здружение регистрирано во Македонија, кое е меѓу вкупно 35 европски исламски организации и 36 поединци вклучени на египетската листа на терористички ентитети. Одлуката на египетскиот суд е објавена во тамошниот Службен весник и предвидува сериозни финансиски и други ограничувања за организациите и лицата опфатени со неа.

Ставањето на листата на терористички организации повлекува замрзнување на имотот и финансиските средства, воведување санкции и забрана за активности и деловни односи поврзани со египетски субјекти. Овие мерки ќе важат во период од пет години, согласно одлуката на египетските власти.

Според образложението на египетските власти, организациите опфатени со одлуката се поврзуваат со транснационални исламистички движења, меѓу кои и „Муслиманско братство“, кое во Египет е забрането и се третира како екстремистичко движење.

Одлуката на египетскиот суд отвора сериозни прашања за евентуалните меѓународни врски и активностите на здружението регистрирано во Македонија, како и за можните последици од неговото ставање на оваа листа.

CATEGORIES
Share This