СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ПАРИСКИОТ МИРОВЕН ФОРУМ: Западен Балкан е природен дел од Европа, ЕУ мора да го забрза проширувањето
Таа посочи дека Македонија веќе 21 година има кандидатски статус и 17 позитивни извештаи, но сè уште не ги започнала преговорите со ЕУ.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум порача дека европската стабилност е тесно поврзана со иднината на Западен Балкан и повика на забрзување на евроинтеграцијата на регионот.
Таа посочи дека Македонија веќе 21 година има кандидатски статус и 17 позитивни извештаи, но сè уште не ги започнала преговорите со ЕУ.
На средбата со литванскиот претседател Гитанас Науседа, двајцата се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми треба да бидат основа за членство, а билатералните спорови да не го блокираат проширувањето.
Сиљановска-Давкова нагласи дека Македонија останува посветена на дијалог со Бугарија, но за напредок е потребна добра волја од двете страни.
CATEGORIES Македонија

