ШТО И ПОРАЧА БРИСЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски и Јаневска денеска ќе го отвораат извештајот на ЕК

На панел-дискусијата ќе се разговара за напредокот во евроинтеграциите, реформските обврски и предизвиците што ја очекуваат земјата на патот кон Европската Унија.

ШТО И ПОРАЧА БРИСЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски и Јаневска денеска ќе го отвораат извештајот на ЕК
Фото: Принтскрин

Во Владата денеска ќе се одржи панел-дискусија посветена на најновиот Извештај на Европската комисија за 2026 година, на која во фокусот ќе бидат оценките на Брисел за напредокот на Македонија, реформите што треба да се спроведат и следните чекори во евроинтегративниот процес.

На дискусијата под наслов „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ ќе учествуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау.

Дискусијата ќе ја модерира владината портпаролка Марија Митева.

Учесниците ќе ги разгледаат оценките содржани во извештајот, досегашните резултати и областите во кои се потребни дополнителни реформи. Посебен акцент ќе биде ставен на реформските приоритети и предизвиците што ја очекуваат земјата во наредниот период.

Извештајот на Европската комисија е еден од клучните документи за оценување на напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

CATEGORIES
Share This