ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,1 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ КРИТ Нема извештаи за жртви

ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,1 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ КРИТ Нема извештаи за жртви

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени по Рихтеровата скала утринава го погоди грчкиот остров Крит, со епицентар во близина на градот Елунда.

Според првичните информации од грчките власти, досега нема извештаи за загинати, повредени или сериозна материјална штета. И покрај јачината на потресот, ситуацијата е под контрола, а службите се внимателно следат развој на настаните.

Грчката противпожарна служба соопшти дека е во состојба на готовност, доколку има потреба од интервенција. Засега нема потреба од евакуација, но граѓаните се повикани да бидат внимателни и да следат официјални упатства.

Островот Крит и поширокиот регион околу него се меѓу најсеизмички активните подрачја во Европа. Земјотреси со слична јачина се случуваат релативно често, но ретко предизвикуваат сериозни последици благодарение на строгите градежни стандарди и брзата реакција на службите за итни случаи.

CATEGORIES
Share This