ДЕНЕСКА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали сте на списокот

Прекини на електричната енергија ќе има во Кисела Вода, Чаир и Гази Баба, додека без вода ќе останат жителите на улицата „Стефан Цветковски“ во Центар.

ДЕНЕСКА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали сте на списокот
Фото: Национал

Дел од жителите на Скопје денеска, 5 ноември 2026 година (четврток), ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа.

Во општина Кисела Вода, од 08:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.

Од 08:30 до 12:30 часот, прекин во снабдувањето е најавен и за дел од улицата „Димо Хаџи Димов“, на потегот од раскрсницата со улицата „Марко Орешковиќ“ до крајот на „Димо Хаџи Димов“.

Во општина Чаир, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Дичо Зограф“, „Јорганџиска“ и „Макариј Фрчковски“, како и црквата „Свети Спас“ и Националниот конзерваторски институт. Прекинот е поради интервенции во трафостаницата „Стара чаршија 2“.

Во општина Гази Баба, од 09:15 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Колонија Идризово, поради работи во трафостаницата „Колонија Идризово 3“.

Прекин во водоснабдувањето утре ќе има и во општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџи Митков“ б.б., во периодот од 09:00 часот па до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улицата „Стефан Цветковски“.

CATEGORIES
Share This