ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Ќе дува засилен северозападен ветер
Подрачја долж Повардарието ќе бидат зафатени со повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе се движат од 2 до 11 степени.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

