ВО БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА СЕ ГЛАСА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Вчера гласаа болните и немоќните
Од 107 пријавени болни и немоќни лица, правото на глас го оствариле 104, додека во казнено-поправните установи гласале 8 од пријавените 9 лица, информира ДИК.

Во општина Брвеница денеска се одржува гласањето во вториот круг од предвремените локални избори, откако вчера своето право на глас го остварија болните и немоќните лица, како и лицата кои издржуваат затворска казна.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 107 пријавени болни и немоќни лица, гласале 104 лица.
Во казнено-поправните установи низ државата, од девет пријавени лица со право на глас, гласале осум.
Од ДИК информираат дека вчерашното гласање се одвивало без проблеми и дека секој гласач имал можност слободно да го оствари своето право на глас.
Денешното гласање во Брвеница се спроведува во рамките на вториот круг од предвремените локални избори за избор на градоначалник.
БРВЕНИЦА ОДИ ВО ВТОР КРУГ Радичевски и Јахији во битка за градоначалничкото место

