КАНАДА САКА ВО ЕУ НА ПОИНАКОВ НАЧИН Карни најави нов статус до јуни
Отава преговара за најдлабоко можно партнерство со Унијата, без полноправно членство. Содржината на новиот статус треба да биде договорена во наредните месеци.

Канада работи на тоа да стане првата придружна членка на Европската Унија, а преговорите за новиот статус би можеле да завршат до јуни следната година, изјави канадскиот премиер Марк Карни по самитот Канада–ЕУ во Монтреал.
„Работиме кон најдлабокото можно партнерство, кое не би вклучувало полноправно членство поради нашата географска оддалеченост, со тоа што Канада ќе стане првата придружна членка на Европската Унија“, рече Карни, пренесе CBC.
Карни нагласи дека Канада и Европската Унија во наредните месеци ќе ја утврдат содржината и опсегот на предложената форма на членство. Идејата е да се воспостави тесна соработка меѓу Канада и ЕУ, без Канада формално да стане полноправна членка на Унијата.
Според најавата на канадскиот премиер, целта е преговорите за ова партнерство да бидат завршени до јуни следната година. Конкретните услови и надлежности што би ги опфаќал новиот статус сè уште треба да бидат договорени.
КАРНИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Канада и Европа мора да го заштитат суверенитетот од големите сили

