БЕЗ ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ Но АМСМ предупредува на опасност
Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, но возачите се предупредуваат на можни одрони низ котлините и клисурите.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во рамки на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен од 15 април за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

