АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ Е ВО ВЛАДАТА Дебакл за Таравари, од 50 само тројца функционери поднеле оставки

Фетаи откри дека од околу 50 државни функционери поставени на позиции од редовите на АА, досега само тројца поднеле оставки, што според него покажува дека најголемиот дел од структурата на партијата сè уште ја поддржува Владата.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ Е ВО ВЛАДАТА Дебакл за Таравари, од 50 само тројца функционери поднеле оставки
Фото: Принтскрин

Иако лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, на 12 мај објави дека партијата заминува во опозиција, вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, вели дека партијата сè уште е дел од извршната власт.

Во интервју за ТВ 21, Фетаи изјави дека со неговата одлука да остане во Владата не му кажал „не“ на Таравари, туку на, како што рече, „план кој не е партиски“.

„Не му кажав ’не‘ на Арбен Таравари, туку на планот кој не е план на Алијанса за Албанците. Одлуката не беше донесена низ регуларни партиски органи, туку преку неформален собир без легитимитет. Тоа не беше седница на претседателството, туку импровизиран формат со дел од членови, функционери и претседатели на ограноци. Такво нешто не постои во Статутот на партијата“, изјави Фетаи во емисијата „Клик плус“.

Тој ја нарече „циркус“ седницата на АА на која беше донесена одлуката за напуштање на Владата, додавајќи дека единствено надлежно тело за такви одлуки е Собранието на партијата.

Фетаи откри дека од околу 50 државни функционери поставени на позиции од редовите на АА, досега само тројца поднеле оставки, што според него покажува дека најголемиот дел од структурата на партијата сè уште ја поддржува Владата.

„Според моите информации, само тројца функционери досега јавно поднеле оставки. За останатите немам информации дека се повлекле. Напротив, продолжуваат да ги извршуваат своите обврски“, рече вицепремиерот.

Фетаи нагласи и дека нема да дозволи ДУИ да се врати на власт „како ништо да не се случило“, испраќајќи порака дека останува посветен на реформите и транспарентноста во управувањето.

И покрај најавата од Таравари дека Алијанса за Албанците оди во опозиција, изјавите на Фетаи укажуваат на поделеност во партијата и неизвесност околу нејзината иднина во владејачката коалиција

CATEGORIES
TAGS
Share This