ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВО РИМ Почесен докторат по теологија и средба во духот на христијанската љубов

За време на престојот во италијанската престолнина, на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ му беше доделен почесен докторат по теологија, а средбата беше посветена на личниот разговор, меѓусебното почитување и евангелската љубов.

ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВО РИМ Почесен докторат по теологија и средба во духот на христијанската љубов
Фото: Принтскрин

Во петокот, на 23 октомври 2026 година, во Рим, митрополитот дебарско-кичевски Георгиј се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Средбата, според Дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), се одвивала во духот на христијанската љубов и меѓусебното почитување.

Како што информира Епархијата, посетата на Рим била поврзана и со свеченото отворање на академската 2026/2027 година на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), каде што на Вселенскиот патријарх му бил доделен почесен докторат по теологија.

„Средбата претставуваше можност за лична средба и разговор, а во духот на евангелската љубов и взаемното почитување“, наведува Дебарско-кичевската епархија во објавата на својата интернет-страница.

CATEGORIES
Share This