МИЦКОСКИ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ Владини кабинети не се спортски сали
Прашан за можноста за преминување на пратеници од ДУИ на страната на владејачкото мнозинство, Мицкоски кусо прокоментира дека „политиката е работа на можното“.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на претстојните избори ќе се соочат два јасно дефинирани политички блока – „блокот на криминалот и минатото“ и „блокот на иднината и просперитетот на Македонија“. Според него, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одлучил да се приклучи на првиот.
„Реалната политика е работа на можното. Но, едно е сигурно – на помалку од пет месеци пред почетокот на кампањата за локалните избори, контурите на двата блока се веќе јасни. Од една страна е блокот од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше, безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој „мајбах“, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецот. Имаше и такви кои беа љубители на недвижности па купуваа цели трговски центри. Од друга страна е блокот на чесните граѓани, на оние кои сакаат богата и праведна Македонија,“ изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тренинг центарот во Идризово.
Тој додаде дека токму во тој „прв блок“ се приклучил Арбен Таравари, оценувајќи дека неделава ќе бидат појасни многу од политичките позиции на сцената.
Во однос на статусот на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој доаѓа од редовите на коалицијата ВРЕДИ, Мицкоски најави средба со раководството на таа политичка групација.
„Очекувам да имаме отворен разговор за иднината на Владата и за дефинирање на јасна програма до локалните избори и понатаму. Неделава ќе биде клучна за разјаснување на многу прашања,“ додаде тој.
Прашан за можноста за преминување на пратеници од ДУИ на страната на владејачкото мнозинство, Мицкоски кусо прокоментира дека „политиката е работа на можното“.


