МОН ОБЈАВИ 3.500 СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ Еве кој може да добие финансиска поддршка
Девет категории стипендии за учебната 2026/2027 година – најмногу, 1.570, се наменети за ученици во дуални паралелки.

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за учениците во средните училишта за учебната 2026/2027 година.
Предвидени се вкупно девет категории стипендии, при што најголем број – 1.570 стипендии се наменети за ученици запишани во дуални паралелки, односно во стручно образование во кое практичната настава се реализира со зголемен број часови согласно наставните програми.
За ученици од јавните средни училишта кои имаат потреба од социјална поддршка се предвидени 900 стипендии, додека 300 стипендии ќе бидат доделени на ученици од средното образование кои следат издвоени наставни програми.
Конкурсот предвидува и 180 стипендии за ученици со посебни потреби, од јавните и приватните средни училишта.
Дополнителни 150 стипендии ќе бидат доделени во три категории – за ученици кои следат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование во траење од три години, за талентирани ученици-спортисти и за талентирани средношколци, со исклучок на учениците од областа на уметностите.
МОН предвидува и 50 стипендии за ученици без родители, како и уште 50 стипендии за талентирани средношколци од областа на уметностите.
Конкурсите се однесуваат на ученици од јавните и приватните средни училишта, зависно од категоријата на стипендијата.
ВАЖНО ЗА СТУДЕНТИТЕ Почнува пријавувањето за продолжување на стипендиите

