НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Паднаа две лица, сомнеж за проневера од 1,3 милиони евра
Финансиска полиција и Обвинителството спроведуваат нова акција поврзана со работењето на Државна лотарија. Меѓу приведените е и поранешната раководителка на финансии.

Нови апсења се спроведуваат во Државна лотарија, во рамки на истрага за сомнежи за злоупотреби во работењето, брифираат извори за Национал запознаени со случајот.
Според информациите, Управата за финансиска полиција, во координација со надлежното Обвинителство, спроведува акција во нов предмет поврзан со наводни финансиски злоупотреби.
Приведени се поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија и уште едно лице, а според неофицијалните информации тие се сомничат за проневера на околу 80 милиони денари, односно приближно 1,3 милиони евра.
Сомнежите се однесуваат на периодот кога со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.
Акцијата е во тек, а во текот на денот се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за евентуалниот број лица опфатени со истрагата и за дејствијата што им се ставаат на товар на приведените.

