ТРАМП: ГЛАСАЊЕТО ВО АМЕРИКА Е КОРУМПИРАНО Го спореди САД со Бразил
Американскиот претседател ја нападна изборната процедура во САД поради бавното пребројување на гласовите, додека резултатите од првиот круг во Бразил биле објавени истиот ден.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гласањето во САД е „корумпирано“, споредувајќи ја брзината на пребројување на гласовите во САД со онаа во Бразил.
Во објава на Truth Social, Трамп наведе дека околу 125 милиони луѓе гласале во првиот круг од претседателските избори во Бразил, а резултатите биле објавени кратко по затворањето на гласачките места истиот ден.
Тој ги посочи Детроит, Филаделфија, Калифорнија и други американски градови и сојузни држави, тврдејќи дека во САД понекогаш се потребни недели за утврдување на конечните резултати.
„Гласањето во Америка е корумпирано“, напиша Трамп.
Во објавата, Трамп направил и грешка при наведувањето на земјата, упатувајќи на „претседателските избори во Индија“, иако бројката и настанот се однесуваат на првиот круг од изборите во Бразил, одржан на 4 октомври.
На бразилските избори, во вториот круг на 25 октомври ќе се соочат сенаторот Флавио Болсонаро и актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

