ШВАЈЦАРИЈА И ШПАНИЈА СО ПОБЕДИ Македонија повторно без гол

Швајцарците славеа против Словенија, а светскиот првак Шпанија ја совлада Чешка.

ШВАЈЦАРИЈА И ШПАНИЈА СО ПОБЕДИ Македонија повторно без гол
Фото: Принтскрин

Покрај поразот на Македонија од Шкотска со 0:2, синоќа во Лигата на нации се одиграа уште два натпревари од групите во кои настапуваат нашите и најсилните европски селекции.

Во групата Б1, Швајцарија со 2:1 ја совлада Словенија. Словенците поведоа во 2. минута, но Швајцарија израмни со автогол, а Ндоје во 38. минута го постигна победничкиот гол.

Во групата А3, Шпанија продолжи со совршениот учинок и со 3:1 ја победи Чешка. Ламин Јамал погоди во 6. минута, Родри зголеми на 2:0, Слама намали, а Мерино во финишот ги постави конечните 3:1.

Со оваа победа, Шпанија останува со 100 отсто учинок по три кола.

CATEGORIES
Share This