ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА 15 примени голови, а голманот најсветла точка

Без постигнат гол во седум меча, Димитриевски брани за сите а противниците жалат што не победиле поубедливо

ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА 15 примени голови, а голманот најсветла точка
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација по три натпревари во Лигата на нации остана без бод и без постигнат гол. Поразите од Швајцарија (0:3), Словенија (0:2) и Шкотска (0:2) донесоа гол-разлика 0:7.

Единствената светла точка во лошата серија е Столе Димитриевски, кој со своите одбрани спречи поразите да бидат уште поубедливи. И селекторите на Швајцарија и Шкотска по натпреварите посочија дека нивните тимови можеле да постигнат уште голови.

Особено загрижувачка е статистиката откако Гоце Седлоски ја презеде репрезентацијата. Македонија е без погодок во седум последователни натпревари, а во тој период прими 15 гола.

Во таквата серија, Димитриевски практично останува последната линија на отпор на репрезентацијата.

CATEGORIES
Share This