БРАЗИЛ УТРЕ ГЛАСА Лула и Болсонаро во битка за претседателската фотелја

13 кандидати во трката за претседател, но вниманието е насочено кон актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и Флавио Болсонаро, синот на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

БРАЗИЛ УТРЕ ГЛАСА Лула и Болсонаро во битка за претседателската фотелја
Фото: Принтскрин

Во Бразил утре се одржуваат општи избори, на кои граѓаните ќе избираат и претседател на државата. Во центарот на вниманието се актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и сенаторот Флавио Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

На претседателските избори учествуваат 13 кандидати, а доколку ниту еден од нив не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, двајцата најдобро пласирани ќе продолжат во вториот круг, закажан за 25 октомври.

Лула, кој има 80 години, се обидува да освои четврти, непоследователен претседателски мандат. Ова за него се седми претседателски избори во политичката кариера.

Изборната трка повторно го става во фокус политичкиот судир меѓу левицата предводена од Лула и политичкото наследство на Жаир Болсонаро, овојпат преку неговиот син Флавио.

CATEGORIES
Share This