БРЕГЗИТ НАОПАКУ Британија повторно кон ЕУ

Германија подготвена да помогне доколку Лондон одлучи да се врати во Унијата, додека повторно се отвора можноста за нов референдум.

БРЕГЗИТ НАОПАКУ Британија повторно кон ЕУ
Фото: Принтскрин

Германија ќе направи сè што може да ѝ помогне на Велика Британија доколку земјата одлучи повторно да се приклучи кон Европската Унија, објави „Телеграф“.

Германската амбасадорка во Обединетото Кралство, Сузан Бауман, во изјава за британскиот весник порача дека Берлин би бил „партнер“ во воспоставувањето на што е можно поамбициозни односи меѓу Британија и ЕУ.

„За нас Германците, Обединетото Кралство е составен дел од Европа и од нејзината историја, сегашност и иднина“, изјавила Бауман.

Таа додава дека одлуката за тоа колку блиски ќе бидат односите со Европа е на британските граѓани.

Изјавата доаѓа откако британскиот премиер Енди Бернам не ја исклучи можноста за нов референдум за членството во ЕУ, по консултациите за идниот долгорочен однос на Велика Британија со Унијата. Тој претходно изјави дека една од опциите е земјата повторно да стане полноправна членка на ЕУ.

На можноста за британско враќање во Унијата позитивно реагираа и францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез. Макрон оцени дека тоа би било добра вест, додека Санчез порача дека Британија би била пречекана „со отворени раце“.

БРИТАНИЈА ПОВТОРНО КОН ЕУ Бернам ја отвори најголемата тема по Брегзит

CATEGORIES
Share This