КОС ЈА ОТКРИВА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ЗА 2026 Кој е најблиску до ЕУ, Македонија не ја спомна

Еврокомесарката за проширување најавува забрзување на процесот, со можност за постепена интеграција на кандидатите и пред полноправното членство.

КОС ЈА ОТКРИВА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ЗА 2026 Кој е најблиску до ЕУ, Македонија не ја спомна
Фото: Принтскрин

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во интервју за „Дојче веле“ оцени дека 2026 година носи силен импулс за проширување на Европската Унија.

Кос посочи дека ЕУ сака на земјите-кандидатки да им овозможи постепена интеграција и пред полноправното членство, откако ќе ги исполнат потребните критериуми во одредени области.

Според неа, Црна Гора во моментов најмногу напредува на патот кон ЕУ и, доколку земјите-членки го поддржат процесот, би можела да стане членка во 2028 година.

Во однос на Србија, Кос порача дека се потребни дополнителни чекори во областите на демократијата, владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на судството. Таа претстојните избори ги гледа и како показател за идната насока на земјата.

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, Кос оцени дека за започнување на пристапниот процес останува да се усвојат уште два закона и да се назначи главен преговарач. Таа очекува изборите да донесат нова политичка енергија и лидери кои ќе работат во интерес на целата земја.

Кос нагласи дека темпото на проширување на ЕУ во моментов е најсилно од приемот на Хрватска во Унијата во 2013 година, објави „Дојче веле“.

CATEGORIES
Share This