МОСКВА НЕ ОТСТАПУВА Путин потврди што бара од Украина

Рускиот претседател порача дека Москва и натаму го бара неутралниот статус на Украина, повикувајќи се на декларацијата со која земјата ја прогласила независноста.

МОСКВА НЕ ОТСТАПУВА Путин потврди што бара од Украина
Фото: Национал

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неутралниот статус на Украина и натаму останува една од целите на Русија.

Одговарајќи на прашање на пленарната седница на XXIII годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ дали неутралниот статус на Украина сè уште е меѓу руските цели, Путин одговори потврдно.

Тој се повика на декларацијата за независност на Украина, посочувајќи дека во неа, според неговото толкување, е наведено дека земјата има неутрален статус.

„Да. Бидејќи Украина, стекнувајќи независност, усвои декларација“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека токму врз основа на таа декларација Украина ја стекнала независноста.

CATEGORIES
Share This