ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО СКОПЈЕ Еве ги часовите и локациите

Прекини во снабдувањето погодени повеќе скопски општини - дел од граѓаните ќе останат без електрична енергија, а други без вода поради дефекти и интервенции.

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО СКОПЈЕ Еве ги часовите и локациите
Фото: Принтскрин

Жителите на повеќе скопски општини денеска, 1 октомври, ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани интервенции и дефекти на мрежата.

Без електрична енергија

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без електрична енергија во различни периоди ќе останат корисници во следните населби и улици:

  • 07:55 – 10:05 часот: улиците „Авраам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „БИС 159“, „Петре Ѓеоргиев“ и дел од „Менделиева“ – Општина Гази Баба.
  • 08:00 – 14:30 часот: ул. „12-та Македонска Бригада“, „Аварова“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“ – Општина Аеродром.
  • 09:00 – 13:00 часот: дел од ул. „1“ во Визбегово, ул. „Камени Мост“ – Визбегово и дел од објектите во околината на фирмата „Саманта“ – Општина Бутел.
  • 09:00 – 13:00 часот: ул. „8“ – Стајковци – Општина Гази Баба.
  • 09:00 – 13:00 часот: ул. „Драгутин Аврамовски Гуте“ – Општина Карпош.
  • 10:15 – 12:25 часот: улиците „Челопек“, „Петар Ѓеоргиев“, „159 БИС“ и „Ордан Чопела“ – Општина Гази Баба.
  • 12:00 – 14:00 часот: ул. „Кирил и Методиј“ – Општина Центар.

Прекини на водоснабдувањето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа, денеска ќе има прекини во водоснабдувањето во делови од општините Чаир и Гази Баба.

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-150 милиметри на улицата „Цветан Димов“, кај Хатунџук џамија, од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците на улиците:

„Фан Ноли“, „Чаирска“, „Јајце“, „Челопек“, „Аврам Писевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Бајрам Шабани“ и улица „157“.

Прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Во Општина Гази Баба, поради изведување приклучок од Ф-150 милиметри на улицата „1657/7“ во населбата Хиподром и стопирање на мрежата од Ф-100 милиметри на улицата „Благоја Стефковски“, кај последната автобуска постојка на линијата 50, прекинато водоснабдување ќе има во делови од Маџари и новата населба Хиподром.

Во Трубарево се очекува намален притисок на водата.

Прекинот во овој дел од градот започнува од 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

CATEGORIES
Share This