ВАЖНО ЗА СТУДЕНТИТЕ Почнува пријавувањето за продолжување на стипендиите

МОН го објави рокот - студентите имаат еден месец да ги достават документите за продолжување на правото на стипендија

ВАЖНО ЗА СТУДЕНТИТЕ Почнува пријавувањето за продолжување на стипендиите
Фото: Принтскрин

Министерството за образование и наука ги известува студентите кои веќе користат студентска стипендија и ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото дека пријавувањето ќе трае од 1 до 30 октомври 2026 година.

За продолжување на стипендијата, студентите треба електронски да ја прикачат потребната документација:

  • потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање;
  • уверение со положени испити, издадено од факултетот;
  • уверение за предвидени и положени испити (УППИ), пополнето и заверено од факултетот, со наведен успех од претходните години;
  • доказ дека студентот има положено 80 или 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата, односно дека го одржал потребниот просечен успех согласно договорот;
  • индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

Од МОН посочуваат дека целата документација треба да се прикачи електронски преку системот за е-услуги на МОН. Рокот за аплицирање е до 30 октомври 2026 година, па студентите треба навреме да ја подготват и достават потребната документација.

За дополнителни информации и прашања, студентите може да се обратат на електронската адреса studentskii.stipendii@mon.gov.mk.

CATEGORIES
Share This