ШВАЈЦАРЦИТЕ ГО ПРЕСЕКОА БЛОХЕР 70% рекоа НЕ на строгата неутралност

Јасна порака од референдумот: Швајцарците не поддржаа дополнително заострување на политиката на неутралност.

ШВАЈЦАРЦИТЕ ГО ПРЕСЕКОА БЛОХЕР 70% рекоа НЕ на строгата неутралност
Фото: Принтскрин

Швајцарските граѓани на националниот референдум во неделата со големо мнозинство ги отфрлија двете предложени иницијативи,  едната за построга уставна дефиниција на швајцарската неутралност, а другата за зголемување на домашното производство на храна.

Резултатот, според повеќе швајцарски медиуми, не претставува изненадување. Особено значајно е убедливото отфрлање на иницијативата за неутралноста, која доби околу 30 проценти поддршка, додека 70 проценти од гласачите се изјаснија против.

Со тоа, оценуваат медиумите, е зајакната позицијата на Федералниот совет и колективното тело од седум членови што ја врши извршната власт во Швајцарската Конфедерација.

Резултатот воедно претставува политички неуспех за Кристоф Блохер, милијардер, поранешен лидер и влијателна фигура на Швајцарската народна партија (SVP), кој беше меѓу главните поддржувачи на иницијативата.

Швајцарските медиуми резултатот го оценија како јасна потврда на досегашниот курс на парламентот и владата. Според нивните анализи, високото „не“ претставува сериозен удар за концептот на строгата неутралност како политичка цел сама по себе.

Референдумот, сепак, не ја укинува швајцарската неутралност, туку покажува дека мнозинството гласачи не поддржува нејзино дополнително заострување преку уставни измени.

ШВАЈЦАРИЈА НА РАСКРСНИЦА Ќе ѝ стави ли Берн рампа на санкциите кон Русија

CATEGORIES
Share This