НЕОЧЕКУВНО ВО ШВАЈЦАРИЈА – UBS размислува да ја напушти земјата

Новите капитални правила го налутија банкарскиот гигант, а на маса е и можно спојување со странски ривал.

НЕОЧЕКУВНО ВО ШВАЈЦАРИЈА – UBS размислува да ја напушти земјата
Фото: Принтскрин

Швајцарскиот банкарски гигант UBS разгледува можност за преселување на своето седиште надвор од Швајцарија, откако раководството остро се спротивстави на новите регулативи со кои властите сакаат да спречат повторување на банкарска криза.

Според медиумските извештаи, банката со 164-годишна традиција ги разгледува различните опции за заминување од матичната земја, меѓу кои и потенцијално спојување со странска финансиска институција.

Причината е одлуката на швајцарскиот парламент да ги зголеми капиталните барања за најголемите банки, како дел од реформите на правилата за институциите кои се сметаат за „премногу големи за да пропаднат“.

По колапсот на Credit Suisse, Берн ги затегнува правилата

Швајцарските власти сакаат да го зголемат капиталот што UBS мора да го поседува како заштита од идни финансиски шокови. Промените следуваат три години по практичниот колапс на Credit Suisse.

UBS тогаш беше принудена да го преземе својот најголем домашен ривал со цел да се спречи поширока банкарска криза во Европа.

Преземањето значително го зголеми билансот на UBS. Денес, вкупната билансна сума на банката е речиси двојно поголема од економијата на цела Швајцарија.

UBS предупредува на удар врз профитот и конкурентноста

Новиот закон, усвоен од швајцарскиот парламент оваа недела, може да ја обврзе UBS да обезбеди дополнителни капитални резерви во вредност до 16 милијарди долари.

Раководството на банката предупредува дека толку високите капитални барања би можеле да ја намалат нејзината профитабилност и меѓународна конкурентност.

На маса и спојување со странска банка?

Американскиот медиум Semafor во петокот објави дека раководството на UBS ги обновило разговорите за можноста банката да ја напушти Швајцарија.

Како една од опциите се разгледува и комбинација со странска ривалска банка. Во извештајот како потенцијален партнер се споменува американската Morgan Stanley.

Доколку ваквото сценарио навистина се реализира, тоа би претставувало една од најголемите промени во историјата на UBS и сериозен предизвик за Швајцарија, која со децении го гради својот статус на глобален финансиски центар.

CATEGORIES
Share This