БАЧЕВ СО ПРАШАЊЕ КОЕ ОДЕКНУВА Рудниците ќе ја уништеле Македонија, а кој ги опљачка?!

Лидерот на Единствена Македонија вели дека во дебатата за рударството се заборава на едно клучно прашање – што се случи со македонските рудници и кој е одговорен за нивната состојба.

БАЧЕВ СО ПРАШАЊЕ КОЕ ОДЕКНУВА Рудниците ќе ја уништеле Македонија, а кој ги опљачка?!
Фото: Принтскрин

Професорот и лидер на Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку објава на „Фејсбук“ се вклучи во дебатата за иднината на рударството во Македонија.

Бачев се осврнува на критиките дека рударските проекти можат да ја загрозат животната средина, посочувајќи дека Македонија има вековна рударска традиција.

Според него, самото постоење на рудници не значи дека тие ја уништуваат државата, туку при одлучувањето треба да се слушаат науката, стручната јавност и надлежните институции.

„Рудниците не ја уништуваат Македонија, треба само да се слуша науката, стручната јавност и институциите што се надлежни за проценка на ризиците, безбедноста и влијанието врз животната средина“, наведува Бачев.

Во објавата тој го отвора и прашањето за управувањето со македонските рудници и нивните ресурси, како и за одговорноста за нивната состојба низ годините.

„Не рудниците, туку злото се тие што ги опљачкаа рудниците, а никој не ги спомнува!“, пишува Бачев.

Со реакцијата, лидерот на Единствена Македонија ја насочува дебатата кон две прашања – како да се обезбеди заштита на животната средина при рударските активности и кој сноси одговорност за досегашното управување со рударските капацитети и ресурси.

CATEGORIES
TAGS
Share This