ПРОДОЛЖУВААТ ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ Филип Кековски на чело на Единствена Македонија Могила
Филип Кековски доби нов четиригодишен мандат, а Единствена Македонија го продолжува изборниот процес во општинските комитети

Синоќа, за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Могила, со нов четиригодишен мандат беше избран Филип Кековски.

Согласно член 37 од Статутот на партијата, во тек е изборниот процес за избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.

Овој изборен циклус носи и значајна новина – за првпат се воведува можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со тоа, Единствена Македонија дополнително се отвора кон сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат кон остварувањето на визијата и целите на партијата.

Сите заинтересирани можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.

Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија – Единствена Македонија!

