ГРАЃАНИТЕ ГЛЕДААТ КОЈ МЕДИУМСКИ ЈА СПОНЗОРИРА ПЛАТФОРМАТА ЗНАМ 2.0 – Покровителот е Мицкоски

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

ГРАЃАНИТЕ ГЛЕДААТ КОЈ МЕДИУМСКИ ЈА СПОНЗОРИРА ПЛАТФОРМАТА ЗНАМ 2.0 – Покровителот е Мицкоски
Фото: Принтскрин

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Вчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.

Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал.

Го објавивме и планот за рудниците – антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата.

За нив провизија. За народот отров.

Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија.

Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Сите заедно против единствениот бастион на слободата – СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот.

Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест.

Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ.

Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат.

Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара.

CATEGORIES
Share This