ПРЕСУДА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА Една и пол година затвор за директорите на Тетовската болница

Случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово беше еден од најтрагичните настани во поновата историја на македонското здравство, а јавноста долго време бараше одговорност за загубените животи.

ПРЕСУДА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА Една и пол година затвор за директорите на Тетовската болница

Судот во Тетово изрече затворски казни од по една година и шест месеци за тогашните директори на Тетовската клиничка болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, во повтореното судење за трагичниот пожар во Модуларната болница, кој се случи на 8 септември 2021 година и однесе 14 животи.

Тетовската болница како правно лице е осудена на парична казна од еден милион денари.

Двајцата директори беа обвинети за тешки дела против општата сигурност, а судот во повторената постапка изрече ефективна затворска казна, за разлика од претходната условна пресуда.

По изрекувањето на пресудата, Флорин Бесими ја критикуваше судската постапка, наведувајќи дека процесот не ја утврдил вистинската одговорност за пожарот и дека, како што рече, обвинети се лица кои не се виновни.

„Од длабочините на мојата душа изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Судењето немаше за цел да ја открие вистинската одговорност за трагедијата. Ова беше судење против оние кои не беа виновни. Бев обвинет дека немало противпожарни апарати, но јас не го потпишав приемот на објектот. Тоа го сведочев и во судница, но не беше земено предвид. Ова не е правда, туку отстапување од вистината“, изјави Бесими.

Случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово беше еден од најтрагичните настани во поновата историја на македонското здравство, а јавноста долго време бараше одговорност за загубените животи.

CATEGORIES
Share This