ЦРВЕНО СВЕТЛО, АЛКОХОЛ И БЕЗ КАЦИГИ Детали од тридневната полициска акција

Во текот на изминатите три дена (13, 14 и 15 мај 2025 година), полициските службеници низ целата земја спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што беа изречени вкупно 2.018 платни налози за различни прекршоци.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), најголем број од казните се однесуваат на непрописно паркирање – 600 прекршоци, додека 256 возачи се фатени како управуваат со возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, 204 лица биле казнети за управување возило без возачка дозвола.

Контролите открија и еднакво голем број на прекршоци за користење мобилен телефон при возење и некористење сигурносен појас – по 117 случаи. Меѓу казнетите се и 119 мотоциклисти кои не носеле заштитна кацига. Деветмина возачи се затекнати како минуваат на црвено светло, 26 лица биле под дејство на алкохол, а 25 пешаци биле санкционирани за непочитување на сообраќајните правила.

Во согласност со Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 67 возила – од нив 24 биле технички неисправни, додека 43 биле нерегистрирани.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните на внимателно и одговорно учество во сообраќајот:

„Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста и придонес кон побезбедни патишта“, велат од Министерството.

CATEGORIES
Share This