НАД 1.000 ТАНЧЕРИ ОД 26 ЗЕМЈИ ВО СКОПЈЕ „Парада на нации“ во рамките на Европското првенство во танц
Поради присуството на претставници на дипломатскиот кор и високи гости, на настанот ќе важат засилени безбедносни мерки, а за медиумските екипи ќе биде обезбеден посебен влез.

На 25 септември во Скопје ќе се одржи „Парадата на нации“, во рамките на IDO Европското првенство во танц 2026, на која ќе учествуваат над 1.000 танчери од 26 земји.
Свеченото дефиле ќе ги обедини учесниците кои ќе ги претстават своите земји преку националните знамиња и танцот, испраќајќи порака за пријателство, меѓусебна почит и поврзување на различните култури.
На настанот се очекува присуство на амбасадори од повеќе држави, претставници на високи државни институции, градоначалници и личности од општествениот живот, кои ќе дадат поддршка на младите танчери и на меѓународната културна размена.
Датум: 25 септември 2026 година (петок)
Почеток: 14:30 часот
Локација: Т-Арена, Спортски центар „Борис Трајковски“, Скопје
„Парадата на нации“ ќе биде еден од централните и највпечатливите моменти на првенството – спектакл во кој националните знамиња, различните култури и младите таленти ќе се обединат преку танцот.
Организаторите ги покануваат медиумите со своите новинарски екипи, фоторепортери и сниматели да го проследат настанот и да ја пренесат атмосферата до јавноста.
Поради присуството на претставници на дипломатскиот кор и високи гости, на настанот ќе важат засилени безбедносни мерки, а за медиумските екипи ќе биде обезбеден посебен влез.
За навремена најава на екипите, акредитации и информации за влезот и пристапот до настанот, медиумите треба да ја контактираат:
Емилија Манасиевски
Телефон: +389 71 233 607
Со почит,
Организациски тим на IDO Европското првенство во танц 2026
СКОПЈЕ СТАНУВА ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР НА ТАНЦОТ Официјално најавено IDO European dance championship 2026

