РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМОТ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Иднината на децата ја градиме денес
Сопругата на премиерот присуствуваше на приемот за сопругите на светските лидери во Њујорк.

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, синоќа во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.
Приемот се одржа во рамки на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ („Fostering the Future Together“), насочена кон поддршка на децата и младите и создавање нови можности за нивниот развој, образование и напредок.
Обраќајќи им се на присутните, Меланија Трамп истакна дека тие претставуваат различни култури, јазици, истории и традиции, но дека ги обединува заедничката одговорност кон идните генерации.
„Иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца“, порача првата дама на САД.
На приемот присуствуваа сопругите на шефовите на држави и влади кои престојуваат во Њујорк по повод 81. Генерално собрание на ОН.

