МВР ЗА САМО ПЕТ ЧАСА ОТКРИ 358 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – 75 за непочитување првенство

Засилените контроли на целата територија продолжуваат за поголема безбедност во сообраќајот.

МВР ЗА САМО ПЕТ ЧАСА ОТКРИ 358 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – 75 за непочитување првенство
Фото: Принтскрин

На 22 септември 2026 година, во периодот од 07:00 до 12:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на целата територија на државата, насочена кон возачите кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.

Во рамки на контролата биле констатирани вкупно 75 прекршоци за непочитување на првенството на минување, по што биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Покрај овие, полициските службеници утврдиле и дополнителни 283 прекршоци од различен вид.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот, заштита на сите учесници и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

CATEGORIES
Share This