ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА СИЛУВАЊЕ Ја претепал и силувал во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело силување, сторено со употреба на физичка сила и спротивно на волјата на жртвата. Според обвинението, настанот се случил на 21 февруари оваа година, вечерта, на паркинг во скопското село Сопиште.
Како што информира обвинителството, осомничениот, со умисла и со употреба на насилство, ја присилил жртвата на полов однос. Тој прво започнал да ја допира без нејзина согласност, а потоа станал агресивен откако таа се спротивставила. Ја удирал со боксови, тупаници и со нога во лицето, нанесувајќи ѝ сериозни телесни повреди, меѓу кои и скршеница на носните коски.
И покрај тоа што жртвата јасно му ставила до знаење дека не сака да има интимни односи и активно се бранела, обвинетиот ја соблекол и ја принудил на полов однос во возилото.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која претходно му беше изречена на обвинетиот.
Обвинетиот се терети за кривично дело „Полов напад и силување“ согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.


