МЕСИ ГО ОБЛЕЧЕ ДРЕСОТ За последното „збогум“ со Аргентина
Дрес за цел живот“ - легендарниот број 10 доби специјално издание за последниот репрезентативен натпревар на Меси.

Лионел Меси го претстави специјалниот дрес со кој ќе го одигра својот последен натпревар во репрезентативниот дрес на Аргентина.
Легендарниот Аргентинец објави емотивно видео во кое ги подготвува копачките и го облекува специјалниот дрес, испраќајќи порака која навести дека доаѓа крајот на неговата репрезентативна кариера: „Последниот натпревар… дрес за цел живот.“
Меси официјално треба да се прости од националниот тим на 6 октомври, кога Аргентина на „Монументал“ во Буенос Аирес ќе го пречека Бенин.
Специјално изработениот дрес го носи неговото презиме и легендарниот број 10, изработени во златна боја. Околу бројката е поставено „Мајското сонце“, еден од најпрепознатливите национални симболи на Аргентина.
По повеќе од две децении исполнети со трофеи, рекорди и незаборавни моменти, Меси се подготвува за последното поглавје со репрезентацијата на Аргентина.
💔🇦🇷 LA CAMISETA ESPECIAL QUE USARÁ LIONEL MESSI EN SU ÚLTIMO PARTIDO. pic.twitter.com/OivI0bEpVd
— Sudanalytics (@sudanalytics_) September 21, 2026

