КОШТА УДРИ ПО МОЌНИТЕ И постојните членки на СБ на ОН се почесто го кршат меѓународното право
Претседателот на Европскиот совет ја најави иницијативата „Партнери за мултилатерализам“ за одбрана на меѓународното право.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска порача дека меѓународното право сè почесто се крши, вклучително и од постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Говорејќи на самитот „Партнери за мултилатерализам, меѓународно право, мир и просперитет“, што се одржува на маргините на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, Кошта ја најави иницијативата „Партнери за мултилатерализам“.
Тој ја опиша иницијативата како отворена платформа за држави од сите делови на светот кои се подготвени да ги бранат заедничките принципи на меѓународното право.
Отворајќи го самитот, Кошта оцени дека мултилатералниот систем се наоѓа под силен притисок.
„Во исто време, климатските промени, пандемиите, вештачката интелигенција и економската несигурност претставуваат предизвици со кои се соочува светот до степен до кој ниту една земја, без разлика дали е голема или мала, не може сама да ги реши“, рече Кошта.
Според него, токму затоа е потребно зајакнување на меѓународната соработка и почитувањето на заедничките правила и принципи на меѓународниот поредок.

