ТРАМП СО ТВРДЕЊЕ ШТО ОДЕКНА Русија ја губи контролата врз дизел-индустријата поради војната со Украина

Американскиот претседател вели дека голем број руски рафинерии се уништени и привремено се надвор од употреба – „Оваа апсурдна војна мора да се запре“.

ТРАМП СО ТВРДЕЊЕ ШТО ОДЕКНА Русија ја губи контролата врз дизел-индустријата поради војната со Украина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Русија, поради војната во Украина, ја загубила контролата врз дел од својата индустрија за производство на дизел гориво.

Трамп ова го објави на својата социјална мрежа „Truth Social“, наведувајќи дека значителен број руски рафинерии се оштетени и во моментов не функционираат.

„За жал, Русија ја изгуби контролата врз својата индустрија за дизел гориво поради војната со Украина. Голем број од нивните рафинерии за дизел се уништени и, барем привремено, се надвор од употреба“, напиша Трамп.

Американскиот претседател во објавата повторно се осврна на продолжувањето на војната, оценувајќи дека конфликтот треба да биде прекинат.

„Апсурдната војна со Украина, на која ѝ нема крај на повидок, мора да се запре“, порача Трамп.

CATEGORIES
Share This