СУВИ ПАТИШТА, НО АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА Возете внимателно
Нема подолги задржувања на границите, а на патиштата надвор од градовите сообраќајот е умерен.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено да внимаваат на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е сезонскиот режим на сообраќај, при што патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тона.

