МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО РУБИО ВО ЊУЈОРК Нова порака за македонско-американското стратешко партнерство

Премиерот вели дека разговорот со американскиот државен секретар има особено значење во период на сериозни геополитички предизвици.

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО РУБИО ВО ЊУЈОРК Нова порака за македонско-американското стратешко партнерство
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, на која биле разменети ставови за прашања од заеднички интерес и за натамошното продлабочување на билатералните односи.

Мицкоски оцени дека разговорот има особено значење и претставува потврда на важноста на македонско-американското стратешко партнерство и континуираниот политички дијалог.

Според него, на средбата било разговарано и за можностите за дополнително зајакнување на позицијата на Македонија како стабилен и доверлив сојузник на САД.

„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со стратешките сојузници имаат уште поголема тежина“, наведе Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија има јасно дефинирани државни интереси и дека продолжува принципиелно да ги застапува во соработка со своите стратешки партнери.

„Продолжуваат напорите за јакнење на македонско-американското стратешко партнерство и создавање нови можности“, порача премиерот.

CATEGORIES
Share This