ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВА СТРУЈАТА Божиновска со тимот во ХЕ „Вруток“

Министерката Божиновска и тимот на Министерството одблиску се запознаа со работата на еден од клучните хидроенергетски капацитети.

ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВА СТРУЈАТА Божиновска со тимот во ХЕ „Вруток“
Фото: Принтскрин

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводени од министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, ја посетија Хидроелектраната „Вруток“, еден од значајните производствени капацитети во македонскиот електроенергетски систем.

Целта на посетата беше вработените од Министерството непосредно да се запознаат со функционирањето на енергетскиот објект, процесот на производство на електрична енергија и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат тимовите задолжени за неговото функционирање.

За време на посетата, раководството и вработените во ХЕ „Вруток“ ги презентираа историјата и начинот на работа на хидроцентралата, нејзините производствени капацитети и значењето на хидроенергијата за стабилноста и сигурноста на електроенергетскиот систем.

Од Министерството посочуваат дека непосредното запознавање со работата на енергетските капацитети овозможува подобро поврзување на институционалното знаење со состојбите на терен.

„Знаењето е посилно кога се гледа во пракса. А енергетиката најдобро се разбира на терен“, порачаа од Министерството.

Ваквите посети, како што е наведено, имаат цел да придонесат кон подобра координација и разбирање на енергетскиот сектор, со фокус на стабилен, сигурен и функционален енергетски систем.

CATEGORIES
Share This