ТРАМП ПРЕД ГОЛЕМА ОДЛУКА Дали да го уништам режимот во Иран или не

Американскиот претседател најави дека наскоро ќе одлучи за следните чекори кон Техеран.

ТРАМП ПРЕД ГОЛЕМА ОДЛУКА Дали да го уништам режимот во Иран или не
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е блиску до одлука за тоа дали САД ќе преземат чекори за „уништување“ на иранскиот режим, оценувајќи дека станува збор за „голема одлука“.

„Имам голема одлука пред мене. Дали сакам да ги уништам таму или не? Тоа е голема одлука. Сè е можно кога станува збор за мене“, изјави Трамп, пренесува „Аксиос“.

Трамп најави дека на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ќе се сретне со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.

Според него, средбата ќе биде можност да ги слушне ставовите на земјите од Заливот и да ги земе предвид нивните позиции пред да ги донесе следните одлуки во врска со Иран.

CATEGORIES
Share This