12 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Еден сè уште под контрола, огнот се проширил кон Јасен

ЦУК со утрински пресек на состојбата - 11 пожари се изгаснати, а пожарот меѓу Македонски Брод и Сопиште зафатил нискостеблеста и мешана шума.

12 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Еден сè уште под контрола, огнот се проширил кон Јасен
Фото: Национал

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот утринава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ниту еден пожар не е активен, еден е ставен под контрола, додека 11 се целосно изгаснати.

Пожарот што е под контрола е на територијата на општините Македонски Брод и Сопиште. Огнот избувнал во близина на селото Белица, на местото „Кајорец“, во Македонски Брод, а потоа се проширил кон подрачјето на Јасен во Општина Сопиште. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати уште 11 пожари на различни локации низ земјата:

  • Теарце: с. Нераште – запалено ѓубре;
  • Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре;
  • Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација;
  • Карпош: Кеј на Вардар – запалено ѓубре;
  • Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума;
  • Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре;
  • Долнени: с. Десово – ниска вегетација;
  • Битола: кај „Економијата“ од затворот, во близина на Битола – ниска вегетација;
  • Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација;
  • Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација;
  • Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.

Од ЦУК наведуваат дека состојбата со пожарите на отворен простор се следи континуирано.

CATEGORIES
Share This