Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен слаб дожд

Сончеви периоди ќе се менуваат со облачност, а попладне на места се очекува слаб локален дожд и умерен јужен ветер.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен слаб дожд
Фото: Национал

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Температурите ќе се движат од 9 до 29 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

CATEGORIES
Share This