ИЗЛОЖБАТА СКОПСКИ СТРИПОСЕСТРИ 2026 Афирмирање на женското стрип творештво

Како што истакнува Томе Трајков, којшто е и претседател на Здружението „СТРИПОТ МОЖЕ“ поставката понуди увид во визуелното раскажување и развојот на стрип-културата кај нас.

ИЗЛОЖБАТА СКОПСКИ СТРИПОСЕСТРИ 2026 Афирмирање на женското стрип творештво
Фото: Принтскрин

Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ беше свечено отворена во галеријата „КО-РА“ во Скопје на 14 септември 2026 година со почеток во 19 часот. Проектот е организиран од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и Здружението „Стрип центар – Стрипот може“ од Велес

На настанот свои дела претставијавизуелните и мултидисциплинарните авторки:  Дона да Видра, Евгенија Трајковска и Ангела Петрушевска. Тим лидер е Томе Трајков, а куратор Иван Станчевски.

Како што истакнува Томе Трајков, којшто е и претседател на Здружението „СТРИПОТ МОЖЕ“ поставката понуди увид во визуелното раскажување и развојот на стрип-културата кај нас.

Ако пред околу  3 децении се зборуваше дека  во списанието Лифт   имало објавено кратки стрипови од две стрип  авторки , кои се појавуваа под псевдоними(!?) Псило и Вентолина, едната цртач, а другата сценарист…тогаш веќе во 2010 г се јавува ликовниот уметник Иванка Апостолова единствената авторка од Македонија  вклучена , во регионалниот проект  “АНТОЛОГИЈА НА ЖЕНСКИОТ СТРИП “ на уредничката и авторка Ирена Јукиќ Прањиќ/

А сега .. Секој којшто ја следи балканската стрип сцена и стрип фестивали лесно ќе забележи дека панел дискусии на тема „ЖЕНСКИОТ СТРИП “ прераснаа во ситуација на тренд, престиж и контрапрестиж .со други зборови тие се чувствува и натпревар помегу самите фестивали. Се формираат посебни здруженија и мрежи на женски стрип ,како на пример СТРИПОТЕТКИ и др.

Како и да е , дали е темата женски стрип оправдана или не , таа може да се  перцепира исклучиво во склоп на развојот и афирмацијата на сеопштиот македонски стрип, во и вон Македонија.Дури постои мислење дека кај жените авторки е понагласена трпеливоста во самиот процес на подготвување на едно стрип дело..завршува Трајков.

CATEGORIES
Share This