АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, суви коловози и без поголеми задржувања

Умерена фреквенција на патиштата надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги чекања. Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, суви коловози и без поголеми задржувања
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This